Facebook почна со тестирање на функција, која на корисниците конечно ќе им овозможи објавување на Stories содржини од Facebook на Instagram. Популарната мрежа уште од 2017. година има опција Insatagram Stories да се објавуваат на Facebook, но обратната функција не беше достапна.

Истражувачите на апликации ја открија опцијата за за експериментално Share Story to Instagram копче во рамките на подесувањата за Story Privacy, а вклучувањето на ова копче ја активира Share to Story опцијата.

Facebook во меѓувреме и официјално потврди дека ја тестира функцијата, за да им олесни на корисниците делење на моментите со повеќе луѓе. Facebook и Instagram имаат поинаква корисничка публика, па доколку сакате да поделите одредена Stories тема со пријателите на двете платформи, наскоро ќе ја имате и таа можност.

Социјалната мрежа, исто така, истакна дека ќе продолжи да ги истражува подобрувањата на Stories функцијата на своите апликации.