Рен Женгфеи се однесува кон приватноста како и Apple, и во случај кинеската влада од него да побара отклучување на телефонот и пристап до корисничките податоци, тој тоа би го одбил. 

Доналд Трамп ја ублажи забраната на тргување на американските компании со Huawei и на кинеската компанија, сепак, и овозможи користење на одредени технологии на американските технологии, но ја задржа забраната за користење на нивната инфраструктура за 5G мрежи. Првиот човек на САД и натаму смета дека Huawei би можел да ги дели податоците за своите корисници со кинеската влада и да шпиунира во нивно име, а во неодамнешно интервју за американските медиуми, основачот на Huawei, Рен Шенгфеи коментираше зошто тоа никогаш нема да се случи.

Кога Huawei би и дал на кинеската влада пристап до податоците од нивните телефони или кога на барање на владата би ги отклучиле телефоните, Американците сигурно би имале докази за тоа и тие докази би ги покажале на целиот свет. Поради тоа, луѓето низ целиот свет би престанале да ги купуваат телефоните на Huawei, што многу брзо би довело до пропаст на компанијата.

Кој тогаш би ги платил долговите кои ги имаме, се запрапа Женгфеи и додаде дека неговите вработени би дале откази и и би покренале сопствени компании, оставајќи го него сам да ги реши задолжувањата: Побрзо би умрел.

Податоците од телефоните на Huawei ги контролираат само корисниците, и нагласи и додаде дека, кога е во прашање приватноста и сигурноста и односот кон владата во случај кога би побарале податоци од корисниците и отклучување на телефонот, негов пример е Apple. Да потсетиме, пред неколку години Тим Кук влезе во судир со FBI и американската влада, бидејќи не сакаше да овозможи отклучување и пристап до податоците на iPhone на еден терорист. Кук поради тоа го критикуваше и Трамп, кој Американците ги повика да престанат да ги користат уредите на Apple, но наследникот на Стив Џобс остана доследен и не попушти под големите притисоци.