Популарниот дигитален асистент Alexa има една функција која се чини дека е невозможно целосно да се заобиколи.
Како што пренесува “CNET”, познатиот дигитален асистент на Amazon ја повредува приватноста на корисниците многу повеќе од што се мислеше. Многумина знаеа дека Alexa ги снима гласовните команди кои што ѝ ги даваат корисниците, но малкумина знаат дека Alexa ги снима и нормалните разговори во домот.
Уште позагрижувачко е тоа што снимките не може целосно да бидат избришани, а тоа го загрижи и американскиот сенатор Крис Кунс кој директно го контактирал првиот човек на Amazon, Џеф Безос.
На неговото писмо одговорил потпретседателот за односи со јавност на Amazon, Брајан Хусмен, кој открил дека компанијата може да ги задржи снимките се додека купувачот не одлучи да ги избрише. Сепак, тоа не значи дека снимените разговори целосно ќе бидат избришани – Хусмен појаснува дека Amazon сепак може да задржи било што од снимките и тука купувачите немаат право на глас.
Ако ги прашате Amazon, сите собрани податоци компанијата ги чува со цел да го подобри корисничкото искуство, па така дел од наредбите се чуваат за унапредување на машинското учење на Alexa.
Поврзани артикли