Дејвид Либ, водачот на проектот Google Photos на Twitter откри што не очекува во иднина од популарниот сервис. Тој во одговорите на повратните информации на корисниците ги откри и новитетите кои пристигнуваат во Google Photos за Android.
Првата помеѓу нив е рачното тагнување на лица. Моментно не е можно да се избере фотографија и да се поврзе со лицето, доколку апликацијата претходно не го препознавала тоа лице. Ова ќе се промени во иднина.
Мобилната апликација ќе добие параметри за пребарување за неодамна уфрлените фотографии, што претходно беше достапно само на веб. Ова на корисниците ќе им овозоможи лесно да ги видат и обработуваат фотографиите кои ги уфрлиле, дури и ако тоа го направиле пред повеќе години.
Обработката на временските ознаки (timestamp), исто така, пристигнува на Android апликацијата. Делењето на фотографии од милениците стигнува во временските библиотеки, така што сопствениците на миленицитее ќе можат од Google Photos да побараат сервисот да ги побара сите фотографии од милениците на нивните партнери.
Исто така, во некој момент ќе биде можно бришење на фотографии од библиотеката во текот на прегледување на албумите, како и фаворизирање на работите во делените албуми (заедно со лајкувањето).