Од почетокот на јуни, Huawei започна со промоција на Huawei P30 во Северна Македонија. Со купување на телефонот, во било која од неговите три атрактивни бои, во продавниците на овластените партнери на Huawei, ќе добиете Huawei Soundstone Portable Bluetooth Speaker.
Со својот ергономски дизајн и изработка, водоотпорниот звучник е свеж додаток на која било забава на плажа, море или базен, кога пешачите или возите велосипед, а можете да го користите и како hands-free звучник во конференциска сала во канцеларијата. Има овална форма со дијаметар од 10 cm и дебелина од само 4,2 cm и тежи 190 грама. Неговата батерија е 700mAh и се користи до 8 часа, а целосното полнење трае околу 3 часа.
Објавен на крајот на март, Huawei P30 доаѓа со 6,1-инчен OLED FullViewDisplay и новиот RYYB сензор во кој зелените пиксели се заменуваат со жолта боја за да зафатат до 40% повеќе светлина. Иновативниот сензор е дел од оптичкиот систем на тројната Leica камера која вклучува 40 мегапикселна широкоаголна, 16 мегапикселна ултра широкоаголна и 8MP камера со 3x оптички зум. Љубителите на музиката, ќе може да уживаат со 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
“За серијата P10, направивме многу успешна летна кампања со Super Chargeнадворешна батерија и полнач за автомобил за да им обезбедиме на нашите корисници непречено работење на паметниот телефон за време на одморите. Оттогаш, постигнавме голем напредок на полето на батериите и брзото полнење, така што сега ви нудиме само повеќе расположение и повеќе музика додека сте на пат”, изјави Лонгруи Циу, генерален директор на Huawei за Бугарија и Северна Македонија.
Новиот Huawei P30 може да се најде во продажните салони на Нептун и Сетек по цена од 39.999 денари. Промоцијата со која со купување Huawei P30 се добива водоотпорен звучник, ќе трае до 31 август или додека има залихи.
Повеќе информации можете да најдете на https://consumer.huawei.com/mk/