Samsung го редизајнираше својот флексибилен уред Galaxy Fold за да ја поправи издржливоста на екранот, што беше една од главните забелешки пред објавата на телефонот, според наводите на Bloomberg.
Се истакнува дека наскоро ќе почне и комерцијалното производство на телефонот, иако Samsung се уште не е во можност да го потврди новиот термин на објава на уредот.
Истакнато е дека Samsung креирал заштитен филм за екранот кој сега навлегува во рамката и нема да може да се симне со рака. Претходните верзии кои им беа дадени на тестерите имаа филм, кој изгледаше како заштита за екран која може да се отстрани, а всушност неговото отстранување го уништуваше екранот.
Засега не е познато дали Samsung ја редизајнирал и шарката која го држи екранот, а која создаваше проблем кај OLED дисплејот. Се ќе биде познаро кога Galaxy Fold ќе се врати во текот на годината.