Минатиот месец се појави извештај кој тврдеше дека Samsung на 7. август ќе го претстави Galaxy Note10. Сега се испостави дека овој извештај бил точен, бидејќи јужнокорејската компанија го потврди споменатиот датум кога ќе биде објавена Galaxy Note линијата за оваа година.
Samsung потврди дека новите телефони ќе ги претстави во текот на Galaxy Unpacked настанот на 7. август, но не е прецизно речено што ќе биде претставено. Објавено е и видео кое го покажува S Pen пенкалцето и една камера, што сугерира дека ќе го видиме новиот Galaxy Note.
Камерата која е прикажана во промо видеото, сугерира дека Galaxy Note10 ќе има една камера сместена во punch-hole отвор во центарот на дисплејот.
Samsung би можел да претстави вкупно три модели во рамките на Galaxy Note серијата оваа година – стандардниот Galaxy Note, Galaxy Note10+, како и 5G варијанта на телефонот. Note 10 и Note10+ ќе имаат сличен дизајн, со што Plus моделот ќе има поголем екран и дополнителна камера на задната страна.
Поврзани артикли