Sony Walkman се појави на 1. јули 1979. година и со своето доаѓање започна револуција во начинот на слушање на музика, која трае и денес. Преносниот касетофон со џебни димензии со слушалки ни ја донесе “музиката во движење” и набрзо стана значеаен дел од целокупната поп култура и начинот на живот на младите.
Инспирација за настанувањеto на Walkman доби соосновачот на Sony, Масару Ибука, кој сакаше да има преносен уред, кој ќе му овозможи да слуша музика во текот на долгите летови со авион.
Првиот Walkman ја носеше ознаката TPS-L2 и на 1. јули пред точно 40 години беше пуштен во продажба во Јапонија.
Веќе во 1980. година, весникот New York Times го нарече уредот “најнов стаусен симбол во градот”. Првиот Walkman чинеше 200 американски долари.
Во следните децении продажбата константно растеше, за кон крајот на првата деценија на 21. век да ја достигне бројката од речиси 400 милиони продадени уреди.
Sony Walkman имаше исклучително големо влијание на комплетната поп култура на осумдесеттите и дел од деведесеттите години на 20. век.
Благодарение на него, аудио касетите во 1983. година, прв пат, според продажбата ги надминаа грамофонските плочи.
Врвот на популарноста на Walkman беше деценијата помеѓу 1987. и 1997. година.
Производството на Sony Walkman престана во 2010. година, но јапонскиот производител името Walkman го користеше и за други уреди.
Во 2000. гоидна, Sony Discman стана CD Walkman, а потоа и неколку постари модели на Sony Xperia мобилни телефони, прилагодени за слушање музика, ја носеа ознаката Walkman во името.