Google работи на нова алатка за делење фајлови на Android, под името Fast Share. Алатката е дел од Nearby сервисот во Google Play Services секцијата, а не само што би можела да биде замена за Android Beam, туку се очекува и дека ќе биде конкуренција на Apple AirDrop услугата.
Fast Share најпрвин е забележан од сајтот 9to5Google, а потоа и од тимот на XDA Developers, кој креираше скриншотови од алатката. Фотографиите покажуваат дека новата алатка за делење фајлови ќе им овозможи на корисниците да “делат содржини на ближните уреди без интернет”. Сервисот користи bluetooth за иницирање на работата, а потоа користи директна Wi-Fi конекција за делење на фајлови. Ова ќе овозможи големите фајлови да се пренесуваат многу побрзо отколку што беше можно со Android Beam. Fast Share, исто така, овозможува на уредот да му се даде видливост (Preferred Visibility) на ближните уреди, кога и кога не се користи сервисот.
Сервисот овозможува испраќање на еден или повеќе фајлови на друг уред, така што се избира фајл/фајлови, а потоа опцијата Fast Share од менито. По ова, се избира уредот на кој сакате да го испратите фајлот. Активноста моментно ги прикажува генеричките уреди на кои е можно да се испратат фајловите (вклучувајќи ги Chromebook, Google Pixel 3, iPhone и паметниот часовник). Сервисот во конечен облик ќе може да поддржува испраќање на фајлови на Chrome OS уреди, Apple iOS уреди и Wear OS паметни часовници.
Она што е сигурно е дека алатката ќе овозможува поддржка за испраќање и примање фајлови на и од други Android уреди со инсталираниот Google Play Services. Засега останува да се види дали Fast Share ќе бара и специфична верзија на Android OS.
Поврзани артикли