Првиот 5G телефон на компанијата Xiaomi – Mi Mix 3 5G, наскоро ќе биде достапен во Европа и Кина. Истовремено, подбрендовите на компанијата, Redmi и Black Shark се подготвуваат за објавување на нивните телефони со 5G поддршка.
Лу Веибинг, генерален менаџер на компанијата Redmi, во текот на MWC настанот во Шангај, на Weibo страницата објавил дека “5G доаѓа”. Тој истакнал дека до крајот на следната година ќе постојат 5G телефони кои ќе чинат помалку од 260 евра.
Веибинг исто така истакнал дека “4G менува животи, а 5G го менува општеството” и тврди дека мрежата на следната генерација ќе помогне во создавање на многу нови апликации за телефони во кои корисниците ќе уживаат.
Извор: Benchmark.rs