Претстојното семејство на iPhone уреди за 2019. година се очекува за неколку месеци, а има се повеќе гласини за новите модели. Најновите протечени рендери сега ни даваат најдобар приказ за дизајнот на наводниот iPhone 11 Max модел.
Јасно е видилив четвртестиот простор за сензорите на камерата на задната страна, а ова ги сугерираа и претходните гласини и различните други протечени фотографии на куќиштето на телефонот. Овој пат, дизајнот го потврдува Olixar, чии заштитни куќишта го потенцираат модулот каде што се сместени три камери и кружен LED блиц.
Уште еден помал детал, кој го потврдуваат новите рендери, е редизајнираниот “mute” свич. Наместо правоаголен прекинувач, сега тука е нов кружен свич, кој се поместува вертикално горе и долу. Дизајнот е сличен на свичовите, кои ги користеа раните генерации на iPad.
Дизајнот на iPhone 11 Max им изгледа познато ан сите кои ги виделе iPhone X, iPhone XS или iPhone XR. Тоа значи дека и натаму е присутен засек во екранот за селфи камера и Face ID сензори. На дното е сместен познатиот Lightning порт, за кој Apple ќе нуди 18W адаптер во пакувањето, наместо досегашниот модел од 5W.
Кога е во прашање хардверот, се очекуваат големини на дисплејот од 5,8, 6,1 и 6,5 инчи за трите претстојни iPhone модели, со задржување на истата резолуција како кај претходните модели. Телефоните ќе ги покренува новиот Apple A13 SoC. Се очекува и зголемување на капацитетот на батеријата.