„Бувот“ е во состојба да лета до далечина од 20 километри и може да препознае копнени мети.
На саемот „Армија-2019“ е претставен дрон во вид на голем був, со крила и опашка. Ова е најновиот изум за разузнавачите, како што соопштено на презентацијата на штандот на Воено-иновацискиот технополис „ЕРА“.
Дронот-був има автономија на летање од 40 минути и долет од 20 километри.
Уредот е „направен за високопрецизно одредување на координати на копнените предмети на извидување и тоа со користење интегрирана метода на мерење на растојание со ласерски далечинометар и индикатор на мети, како и со глобалниот навигациски систем ГЛОНАСС“, се наведува во презентацијата.
Овој дрон, исто така, може да биде произведен во вид на сокол и други птици, наведуваат производителите.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли