Археолозите пронашле мистериозна дрвена рака стара 2.000 години на дното на древен римски бунар во Англија, која можеби таму била поставена како понуда за боговите.
Раката е откриена во паркот Варт, во Раундс, Нортемптоншир. Архолозите биле изненадени од тоа колку добро е раката сочувана, што укажува на тоа дека можеби била од поголемо значење, пишува “Fox News”.
Археолошкиот експерт за дрво, Мајкл Бамфорт, во својот извештај напишал дека раката е “фино изрезбана од една гранка, која користи природно закривување за да формира лакт, и многу добро направена, бидејќи на нејзината површина не се видливи траги од алат”.
Coverage on @BBCNews Northamptonshire about OA East's discovery of an unusual life-size wooden arm in a Roman well in Raunds: https://t.co/DT3NsgXFXc pic.twitter.com/4fL3dIcZEV
— Oxford Archaeology (@oatweet) June 24, 2019
Бамфорт исто така забележал дека раката е “релативно витка и грациозна” и можеби претставува рака од ситна возрасна личност или од адолесцент.
“Интересно е дека горниот крај на објектот нема никакви траги на поврзување, или други методи кои би можеле да се користат за прицврстување на раката на поголема скулптура”, се додава во изјавата.
“Поради тоа, веројатно е дека тоа е само тој специфичен дел од тело, кој е претставен и издвоен како некој вид на дар за боговите”, вели Бамфорт.
Posted by Oxford Archaeology on Вторник, 18 јуни 2019
Тој и неговиот тим биле изненадени што раката била во толку добра состојба, не само затоа што радиоактивниот јаглерод се покажало дека потекнува од периодот од 86-та до 240-та година од нашата ера, туку и затоа што бунарот бил полн со вода.
Меѓутоа, внатре недостасувало кислород, што можеби придонело раката да се сочува, известува “The Sun”.
Извор: Kurir.rs