Полицијата во Калифорнија, односно во гратчето Хантингтон Парк го претстави најновото засилување во своите редови, кое е се само не вообичаено и секојдневно.
Новото засилување се вика Робокап (Robocop) и е робот кој патролира по јавните паркови и треба со самото свое присуство да ја намали стапката на криминал во паркот.
Thank you Huntington Park for a warm welcome, hope everyone enjoyed the presentation. Happy to be an asset to the Huntington Park Police Department. #hprobocop #cityofHP pic.twitter.com/Y4wE0QnVR2
— HPRoboCop (@HPRoboCop) June 19, 2019
Не е премногу комуникативен и може да каже кратки реченици како што е „Добар ден“, а веќе има свој профил на Twitter. Иако жителите на Хантингтон Парк имаат поделено мислење за новиот робот, свој коментар даде познатиот иноватор Елон Маск.
Во свој стил, Маск на приказната за Робокап прикачи видео од филмот „Терминатор“, алудирајќи притоа дека Робокап однадвор изгледа питомо, додека внатре во него се крие нешто прилично злобно.
Ова не е први обид за воведување роботи во полициските сили, но сите досегашни обиди немаа баш среќен крај. Можеби Робокап ќе има повеќе среќа.
Извор: Zimo.hr