Американската компанија Lockheed Martin Aeronautics ги претстави плановите за тивкиот суперсоничен патнички авион кој се уште е во концептна фаза, но сепак е јасна индикација дека сме на почетокот на златната ера на супербрзо воздушно патување.
Quiet Supersonic Technology Airliner е авион со два млазни мотори за 40 патници кој би можел да лета со брзина од над 2000 километри на час. Концептот беше претставен на Американскиот институт за астронаутика во Далас.
Бучавата која што ја правеше авионот “Concorde” кога ја надминуваше брзината од 1 мах (1,200 км/ч) го спречуваше авионот да лета над копно, со што беше намалена економската одржливост на овој суперсоничен авион.
Дизајнот на Lockheed Martin е сличен на “Delta-Wing” дизајнот на “Concorde”, но авионот има продолжен суперостар нос кој ќе ја елиминира бучавата при пробивањето на звучниот ѕид. Во авионот ќе има доволно место за 40 патници, а по едно седиште ќе се наоѓа на двете страни, што значи и дека секој патник ќе има прозор.
Дометот на овој авион ќе изнесува 10 илјади километри, па ќе може да преминува оддалеченост од Њујорк до Лондон, од Токио до Лос Анџелес, Лондон и Пекинг, Токио и Сиднеј. Се проценува дека со овој авион, летот од Лондон до Токио ќе трае само 4 часа и 30 минути.
Извор: Klix.ba