Втора година по ред победник на Initial Quality Study (IQS) која го следи иницијалниот квалитет на автомобилите е Genesis, престижен бренд во рамките на корејскиот гигант. Kia и Hyundai исто така се на врвот, веднаш зад нивната луксузна филијала. Освен тоа, разликата меѓу корејските брендови и остатокот од светот расте, и доволно е да се каже дека 16 од 18 корејски модели се меѓу првите три модели, секој во својот сегмент.
Конкретните бројки велат дека Genesis има 63 пријавени проблеми на 100 примероци, што е значително подобро од индустрискиот просек од 93 пријавени проблеми. Следи Kia со 70, а потоа Hyundai со еден проблем повеќе. Топ 5 го заокружуваат домашните Ford и Lincoln со 83 и 84 пријавени проблеми. Вкупно 11 брендови се над индустрискиот просек, а меѓу нив изненадувачки се уште три други американски брендови.
Од друга страна, германските марки неможат многу да се пофалат на ова поле. Mercedes и Porsche се под просекот, но BMW, Audi, Mini и Volkswagen се многу ниско позиционирани. На самото дно по којзнае кој пат се сестринските брендови Land Rover и Jaguar.
Просекот во индустријата останал ист, и покрај тоа што 13 марки имаат подобрување на резултатите, но дури 18 марки назадувале.
Кај моделите Porsche 911 е повторно број еден со само 58 пријавени проблеми. Од листата на победници по сегменти, да ги одвоиме познатите модели за нашиот и околните пазари – Kia Rio, Mini Cooper, Mercedes CLS и BMW 2-Series односно Kia Sportage и Hyundai Santa Fe кај кросоверит. Луксузни модели достојни за внимание се BMW X4 и Lexus RX.
Оваа година повторно се детектирани проблеми надвор од инфо-забавниот домен. На пример, грешки во лакирањето, иритирачки звуци на системот за суспензија и сопирачките, како и check engine сјаличката , се работи кои сопствениците на новите возила ги доживуваат се порано и порано, велат од J.D. Power.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли