YouTube е еден од светските онлајн сервиси за слушање музика, која поголем дел од планетата го посетува секојдневно, бидејќи е бесплатен за гледање музички видео записи и каде може да се пронајде речиси секоја песна која ќе ви падне на ум. Меѓутоа, многу музички спотови се од времето, кога визуелната содржина беше наменета за старите телевизори со еден звучник.
Тоа го расипува искуството на модерните уреди, така што на на овие видео снимки секако би им користело унапредување. YouTube сега објави на својот официјален блог дека ги преземал првите чекори за решавање на оваа ситуација. Ќе направи ремастеризација на речиси 1000 музички спотови со ознаката Universal Music Group.
YouTube и Universal Music Group заедно работат на ремастеризација на легендарните музички спотови, за да бидат во најдобар достапен квалитет на видео и звук. Проектот ги вклучува песните од артистите како Били Ајдол, Џенет Џексон, Том Пети, Бисти Бојс, Лејди Гага, Лајонел Ричи и многу други.
Ако веќе имате видеа сочувани на YouTube или музичките листи на YouTube, нема да морате да се грижите за пронаоѓање на нови линкови. Ремастеризираниете видео записи ги заменуваат претходните верзии, останувајќи на истите URL адреси, со ист број на прикази и број на лајкови. Ќе забележите кога видеата ќе добијат HD надградба и кога во описот ќе го видите хаштагот „Remastered“.
Поврзани артикли