Стартап компанијата Nuro се здружила со ланецот на пицерии Domino’s со цел до крајот на оваа година да започне да доставува пици со самовозечки автомобили во Хјустон
Компанијата Nuro којa произведува мали автономни возила за испорака, веќе порано оваа година има стартувано сервис за достава на прехранбени производи до клиентите во Скотсдејл, Аризона, а наскоро овие мали возила без возач ќе возат и во Тексас. Автономното возило R1, половина помало од просечен компактен патнички автомобил, ќе доставува пици за ланецот Domino’s во Хјустон.
Како информација, ова не е првпат ланецот на пицерии Domino’s да се обиде да започне со испорака на пици без возач, бидејќи слична пилот-програма беше спроведена во соработка со Ford во 2017 година.
Стартап компанијата Nuro е основана од двајца инженери кои претходно работеле за Google на програмата за автоматски автомобили.
Извор: Додај Гас