Користењето на современите технологии, осумте големи предности кои ги донесува со себе, од друга страна, малку по малку, го земаат данокот на нашето здравје.
Веројатно веќе сте слушнале за појавата наречена „селфи зглоб”, но сега имаме нешто што не е само уште еден современ медицински проблем – туку нешто многу поголемо.
Изгледа дека во вратот би можела да почне да ни расте нова коска, за што се „виновни” нашите телефони… или животот со модерната технологија воопшто.
Времето кое го минуваме гледајќи во екраните на нашите паметни телефони го зема данокот, па на тој начин, инензивната употреба на технологијата со време благо ќе го трансформира нашиот скелет. Имено, кај некои млади луѓе почнаа да се развиваат косчести шилци над вратот.
Испакнатиот череп, познат уште и како надворешна окципитална испакнатина, понекогаш е толку голема што можете да ја почувствувате под притисокот на прстите на дното на черепот.
„Бев критичар 20 години и во последните десетина години откривам се повеќе пациенти со овој израсток на черепот”, изјави за медиумите австралискиот научник, Дејвид Шахар, од Универзитетот Саншајн Коуст.
Поврзани артикли