Xiaomi Redmi 7A беше претставен во два наврати, најпрвин беа објавени само спецификациите на телефонот, а потоа неговата цена и достапност.
Телефонот најпрвин се појави во Кина, но сега почна да се појавува и во листинзите на европските малопродажби.
Redmi 7A е најдостапен член на Redmi семејството, а го каректеризираат Snapdragon 439 чипсет, како и 16GB или 32GB простор за складирање. Телефонот на задната страна има една камера, додека од предната страна има една камера во горната рамка.
Уредот нема сензор за отпечатоци од прсти, а главната продажна карактеристика секако е големата батерија од 4000 mAh.
Се очекува цената на Xiaomi Redmi 7A телефонот во Европа да изнесува околу 100 евра. Официјалниот датум на објава на европскиот пазар се уште не е објавен, но се очекува тоа да биде во текот на јули.
Поврзани артикли