Xiaomi минатата недела го претстави Mi 9T за глобалниот пазар. Иако во прашање е ребрендираниот Redmi K20, се работи за многу интересен телефон од горниот среден сегмент, со екран без засек и pop-up селфи камера.
Кинеската компанија се фокусира токму на овие елементи во најновите промотивни видео клипови, кои го исмеваат notch-от. Секое видео опишува колку смешно би изгледал засекот во екранот во различни ситуации.
Секако, тука не би требало да се заборави дека и самиот Xiaomi во минатото објави доста смартфони со засек во дисплејот. Јасно е дека во прашање е маркетиншки потег, а на самите корисници е да проценат колку е тој ефикасен.
Поврзани артикли