Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо објави извештај во кој откри детали за новите iPhone модели за 2020 година. Како што се очекуваше, Куо вели дека Apple ќе го објави првиот iPhone 5G следната година. Аналитичарот, исто така, верува дека сите три модели ќе имаат OLED дисплеи. Во извештајот се вели дека новите телефони ќе бидат со 6,7-инчен, 5,4-инчен и 6,1-инчен екран.
6,1-инчниот OLED модел очигледно е наследник на iPhone XR (кој ќе има 6.1-инчен LCD екран во 2019 година) и ќе подржува само LTE. Новите 6,7-инчни и 5,4-инчни телефони ќе поддржуваат 5G мобилни податоци.
Временската рамка на 5G моделите е во согласност со консензуалните очекувања на гласините. Димензиите на екранот се совпаѓаат со спецификациите наведени во извештајот на Digitimes претходно оваа година.
За корисниците на Apple кои сакаат модел од висока класа со помал екран отколку што нудат сегашните модели, моделот со 5.4-инчен OLED екран и 5G ги исполнува барањата. Актуелниот iPhone XS има дијагонала од 5,8 инчи, па преминувањето на панел од 5,4 инчи ќе значи доста помал телефон во рака. За фановите на iPhone XS Max, очекуваниот 6.7-инчен екран претпоставува уште поголем телефон, што е зголемување од досегашните 6,5 инчи кај XS Max.
Компатибилноста со 5G кај iPhone уредите од 2020 очигледно ќе ги поддржи и водечките стандарди; тоа е под-6GHz спектар, и mmWave технологија. Спектарот на милиметарски бранови е она што веќе се користи во САД.
Минг-Чи Куо вели дека 5G чипот на Apple нема да биде готов до 2022 година. Тоа значи дека следните неколку генерации на iPhone ќе зависат од чиповите на Qualcomm за поврзување кон брзите 5G мобилните мрежи. Сепак, Куо верува дека Apple користи свој засилувач на моќност и дизајн на антена.