Гигантот Facebook објави дека лансира дигитална валута наречена либра; новата криптовалута се очекува да им помогне на милијарди корисници на социјалните мрежи во спроведувањето на меѓународните трансакции, пренесува „Спутник“.
Како и кај повеќето криптовалути, либра ќе биде управувана и обезбедена од страна на кој било учесник што има пристап до компјутер.
Со оглед на тоа дека Facebook го користат околу 2 милијарди луѓе, неговата планирана криптовалута либра може да стане значајна златна кокошка за социјалните мрежи и потенцијално да го измени својот конвенционален финансиски модел.
Во меѓувреме, потегот на Facebook да се вклучи во финансискиот сектор ги натера британските и американските власти да ја искажат својата загриженост. Минатиот месец Комитетот за банкарство, домување и урбани прашања на американскиот Сенат му се обрати на главниот извршен директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, во писмо со кое бара одговор за регулацијата на приватноста и финансиите на социјалните мрежи.
„Важно е да се разбере како големите социјални платформи ги прават достапни податоците што може да се користат на начин што има големи последици врз финансискиот живот на потрошувачите. Исто така, важно е да се разбере како големите социјални платформи ги користат финансиските податоци за профилот и целните потрошувачи“, се вели во писмото.
Најавата на „Фејсбук“ доаѓа откако потпретседателот на американската фирма за Европа, Никола Менделсон, претходно месецов изјави дека компанијата ќе отвори уште 500 нови работни места во Лондон.