Иако Galaxy Note 10 е во центарот на вниманието на најголем дел од јавноста, Samsung во следните неколку месеци би можел да има уште некои интересни објави на уреди. Компанијата планира да претстави барем три нови таблет уреди – за Galaxy Tab S5 моделот со Snapdragon 855 чипсет веќе слушнавме, а овој уред би можеле да го следат и Galaxy Tab A 8.0 2019 и Galaxy Tab Active Pro.
Galaxy Tab A 8.0 2019 веќе се појави на Android Enterprise сајтот и одобрен е од Bluetooth SIG и Wi-Fi Alliance организациите, со барем пет модели: SM-T295, SM-T295N, SM-T295C, SM-T297 и SM-T290. Првите четири модели ќе имаат LTE поддршка.
Samsung Galaxy Tab Active Pro се уште не се појави на рендери, но името е регистрирано кај EUIPO (Intellectual Property Office of the European Union).
Поврзани артикли