Раните спецификации на Huawei Mate 30 Pro, кои се појавија минатиот месец, укажуваа на 6,71-инчен AMOLED дисплеј. Сега новите информации од Кина сугерираат дека овој екран ќе има освежување од 90 Hz (како кај OnePlus 7 Pro).
Во меѓувреме, се појавија и нови рендери, кои наводно го прикажуваат Huawei Mate 30 Pro со заоблени рабови на екранот и punch hole отвор во горниот лев агол за двете предни камери.
На задната страна, телефонот ќе има четири камери, сместени во центар, во V формација и со LED блиц. Системот на камери нуди 5x оптички зум и 50x дигитален зум. Рендерите, исто така, покажуваат дека теелфонот ќе биде достапен во три бои – црна, сина и црвена.
Претходните гласини сугерираа дека Huawei Mate 30 Pro ќе има Kirin 985 чипсет, спарен со Balong 5000 5G модем. Исто така, се очекува и сензор за отпечатоци на прсти под екранот, како и 4200 mAh батерија со поддршка за 55W брзо полнење.