Смартфоните од средната класа се многу популарни на светските пазари, а Huawei се наметнува како еден од најдобрите производители на вакви уреди. Тоа што новиот Maimang 8 изгледа познато се должи на фактот дека овој смартфон е идентичен на Huawei P Smart+, кој се појави на пазарот минатата година.
На предната страна од телефонот се наоѓа 6,21-инчен дисплеј со FullHD+ резолуција и „notch“ во форма на капка, во кој се наоѓа камера од 8MP. На задната страна има главна камера од 24MP, ултраширока леќа од 16MP и мала камера со сензор за длабочина од 2MP. Исто така на задната маска се наоѓа скенер за отпечатоци од прст.
Maimang 8 доаѓа со процесор Kirin 710 во комбинација со 6GB RAM и 64GB внатрешна меморија, што може да се надогради со дополнителни 512GB преку слот за microSD мемориска картичка.
Што се однесува до батеријата, овој смартфон го напојува единица од 3.400 mAh. Тој користи EMUI 9 надограден на стандарден Android 9 Pie оперативен систем.
Телефонот ќе биде достапен во две бои – Midnight Black и Sapphire Blue, со почетна цена од 244 евра. Официјално ќе биде претставен на 12 јуни, а претпродажбата започнува уште денеска.
Поврзани артикли