Huawei веќе успеал да испорача милион телефони со сопствениот оперативен систем, кој, барем во Кина, ја носи ознаката HongMeng.
Сепак, како што пренесува Rosenblatt Securities, не е сосема јасно дали станува збор за телефони кои ги напуштиле складиштата, за тест примероци или за уреди кои се всушност подготвени за испорака до корисниците.
Извештајот открива дека софтверот е компатибилен со сите Андроид апликации, како и дека има напредни безбедносни функции. China Daily ја пренесува изјавата на Јуа Ченгдонг, CEO на компанијата Huawei, кој рекол дека оперативниот систем на компанијата ќе биде достапен најрано во текот на есента, а најдоцна наредната пролет.
Може да се инсталира на мобилните телефони, компјутери, таблети, телевизори, автомобилски системи и преносливи уред, рекол Ју во WeChat групата со интернет експерти.
Иако американската администрација ја одложила забраната за Huawei за 90 дена, произведувачот од Шенжен очигледно не сака да чека на конечно решевање на проблемите, ако до тоа воопшто дојде, туку форсира преминување на сопствена платформа, која е развивана веќе неколку години.
Huawei Central наведува дека ознаката HongMeng е веќе регистрирана на разни пазари, како Канада, Европа, Јужна Кореја и Мексико. Некои медиуми пренесуваат дека тој оперативен систем, на некои пазари, ќе ја носи ознаката ArkOS или OakOS.
HongMeng инаку, на кинески јазик значи Црвен сон. Името е поврзано со митските состојби во светот од кинеската митологија, кога со светот владеела Голема магла. Секако, и натаму останува можноста Huawei на западните пазари едноставно да понуди телефони со буквално преведен оперативен систем – Red Dream.
Извор: PC Press.rs