Samsung ја прошири својата серија заоблени монитори за љубителите на игри соновиот 27-инчен, 240 херцен “G-SYNC“ компатибилен екран за неверојатно искуство при играњето.
Компанијата Samsung го претстави својот нов 27-инчен монитор за љубителите на игри – моделот “CRG5“(C27RG5). Овој монитор е најновото дополнување на серијата на заоблени монитори за играње игри од Самсунг. Моделот “CRG5“ нуди иновативни карактеристики за играње игри како огромна брзина на стапка на освежување на сликата од 240 херци и “NVIDIA G-SYNC“ компатибилност – создавајќи моќна комбинација на неспоредлив квалитет на слика и брзина за интензивна игра.
“Самсунг ги носи “гејмерските“ искуства на ново, повисоко ниво со помош иновативните заоблени екрани со најнова графичка технологија, создадени за да ги изненадат љубителите на игрите како никогаш досега. Огромната брзина на стапката на освежување на сликата од 240 херци и “NVIDIA G-SYNC“ компатибилноста имплементирани во најновиот “CRG5“ заоблен монитор за “гејмери“ на Самсунг, им овозможуваат на корисниците да уживаат во напредните перформанси наменети за интензивните графички игри.”, изјави Сеог-Џи Ким (Seog-gi Kim), Извршен Потпретседател на Бизнис секторот за визуелни екрани во Самсунг Електроникс.
Новиот 27-инчен “CRG5“ монитор има заобленост на екранот од “1500R”, која во комбинација со брзината на стапката на освежување на сликата, со помош на 240 херцната “RapidCurve™“ технологија, го елиминира времето на застој на екранот истовремено беспрекорно прикажувајќи ги содржините, се со цел неверојатно искуство. Мониторот е одобрен и признаен од “NVIDIA“ за да ги исполни потребите за квалитет на сликата и перформансите за “G-SYNC“ компатибилност и за да обезбеди беспрекорна игра без пречки и низок степен на латенција, без разлика на сцената, сѐ во “Full HD“ резолуција (1920×1080).
Мониторот прикажува подлабоки темни и посветли светли нијанси на бои со сооднос на контраст од 3000: 1, овозможувајќи приказ на супериорни детали, дури и при најсветлите или најтемните сцени на играта. Новиот “CRG5“ има заоблен панел-екран со вертикална рамномерна поставеност, обезбедувајќи извонредно искуство при играње игри со широк агол на гледање.
Минималистичкиот дизајн на “CRG5“ нуди речиси целосна искористеност на екранот од три страни, како и цврст, ергономски држач кој им помага на “гејмерите“ да се чувствуваат удобно при процесот на играње. Љубителите на игрите можат да одберат некоја од претходно поставените опции на екранот за прикажување на различен жанр на игра со помош на дигиталното мени на екранот. За понапредно прилагодување, корисниците можат да создадат до три одделни профили на прикажување кои едноставно може да ги променат во текот на играњето.
Новиот заоблен “гејмерски“ монитор е дел од серијата на заоблени екрани наменети за љубителите на игри на компанијата Самсунг, вклучувајќи го и најновиот 49-инчен “CRG9“. Моделот “CRG9“ импресионира со приказот на детали и бои на ултра-широкиот “гејмерски“ монитор со висока резолуција и сооднос од 32:9, драматичен “1800R“ заоблен екран и “HDR1000“. Двојниот “QHD“ дисплеј (5120×1440) ја користи револуционерната “Quantum Dot“ технологија на Самсунг, за исклучително широк спектар на прецизна репродукција на боите, овозможувајќи секоја игра да се доживее навистина реалистично.
Моделот “CRG5“ ќе биде претставен во рамки на шоуто “PC Gaming Show“ на каналот “PC Gamer“ со вклучување во живо на “Twitch“ на 10 јуни, 2019 година во 19 часот. Новиот “CRG5“ заоблен екран ќе биде достапен на глобално ниво во третиот квартал од 2019 година. За дополнителни информации за заоблените монитори на Самсунг наменети за љубителите на игри, посетете ја страната DisplaySolutions.com и следете го вклучувањето на “Twitch“.
Поврзани артикли