Се појавија првите фотографии кои наводно го прикажуваат Google Pixel 4 телефонот во живо, судејќи според изворот што ги објавил. Најверојатно се работи за XL верзијата на телефонот.
Може да се забележи дека Google Pixel 4 има две камери на задната страна, додека на предната страна се наоѓа punch-hole отвор на екранот. Во отворот има две selfie камери, што се совпаѓа со претходно протечените информации за телефонот.
Сè уште не дели многу време од официјалното објавување на Google Pixel 4 и 4 XL. Освен фотографиите од заштитните маски, рендерите и најновите фотографии, исто така познато е и дека телефоните ќе го користат софтверот Android Q, ќе имаат Snapdragon 855 чипсети и 6GB RAM меморија.