Потпретседателот на Xiaomi објави повеќе информации за камерата под дисплејот и користената технологија. Беше истакнато дека системот ќе користи транспарентен дисплеј, создаден од ниско рефлектирачко стакло, кое има висока стапка на пренос.
Кога камерата не е во употреба, екранот работи како и секој друг – овозможувајќи содржината целосно да се прикажува. По активирањето на предната камера од 20MP, областа од екранот над камерата станува транспарентна, така што светлината може да навлезе. Транспарентниот дисплеј сега служи како објектив за камерата, за кој Xiaomi тврди дека може да прими повеќе светлина и да произведе подобри фотографии.
Се очекува видлив пад на квалитетот на почетокот на имплементацијата на новата технологија, но ова треба да се промени со цел напредување на технологијата. Xiaomi не посочи кога првиот телефон со камера под екранот ќе се појави на пазарот.