BenQ го најави мониторот ZOWIE XL2731 првенствено дизајниран за гејмерите. Тоа е 27-инчен PC e-Sports монитор со оригинална брзина на освежување од 144Hz.

Мониторот има поддршка за функции како што се Black eQualizer, Color Vibrance, Height Adjustable Stand и работи во тандем со компјутери способни да генерираат до 144 слики во секунда (fps).
benq2_5.jpg
Главните карактеристики на мониторот ZOWIE XL2731 вклучуваат:

– Black eQualizer кој ја подобрува видливоста во темни сцени без прекумерна експозиција на осветлени површини
– Color Vibrance од 20 нивоа овозможува флексибилност за да ги прилагодите саканите бои и да ги дефинирате градиентите на боите
– Height Adjustable Stand е држач со можност за прилагодување со еден прст и лесно ја прилагодува висината на мониторот и соодветниот агол на гледање
– Технологија без фликер која го спречува заморот на очите
– XL-series LCD рамката е специјално дизајнирана за да ја намали одбиената светлина од екранот

BenQ не ја објави цената и достапноста на гејмерскиот монитор ZOWIE XL2731.