Сајбер криминалците продаваат се повеќе алатки за хакирање насочени против големите компании

Постои значителен пораст на бројот на огласи на dark web за малициозен софтвер и други алатки за хакирање кои се насочени против бизнисите, пишува ZDNet.

Една студија на компанија за сајбер-безбедност Bromium и криминолози на Универзитетот во Сури вклучува истражувачи кои ги анализираат овие “подземни“ форуми и интеракцијата со сајбер криминалците. Студијата покажала дека dark web станува значаен извор за порачка на малициозен софтвер.

Во многу случаи, овие продавачи демонстрирале високи познавања на електронските системи, мрежи, па дури и протоколи за сајбер-безбедност на начин што сугерира дека тие сами поминале многу време работејќи во овие компании.

“Она што ме изненади е степенот до кој може да се добијат малициозни програми за таргетирање на компанија, како и добивањето на оперативни податоци во врска со таа компанија”, изјави за ZDNet Мајк Макгуер, предавач по криминологија на Универзитетот во Сари и автор на студијата.

“Се чини дека постои свест и софистицираност меѓу сајбер криминалците, да се оди кон големиот улов, таму каде што се парите, преку компанијата којашто може да го обезбеди тоа”, рече тој, додавајќи дека е изненаден бидејќи “станува премногу лесно криминалците да го добијат она што го посакуваат“.