IKEA сака “да ги поттикне луѓето да имаат големи соништа за мали домови”, а за таа цел таа реши да создаде линија на роботизиран мебел. Денес, компанијата објави дека е партнер со Ori, американски стартап што развива роботизиран мебел, кој има за цел да одговори на предизвиците на малите станбени живеалишта. IKEA и Ori ќе ја воведат својата нова линија, наречена ROGNAN, во 2020 година.
Додека терминот “роботизиран мебел” ве тера да размислувате на некои sci-fi моменти, веројатно ќе изгледа повеќе како мебел на ИКЕА на тркала. Според рендерот се работи за огромен гардеробер со кауч од една страна и кревет од друга страна. Со притискање на копче, креветот се лизга под единицата и отвора простор. Целата единица се лизга напред и назад, а има и вклучено биро. Во визијата на ИКЕА, ги има најважните компоненти – кревет, кауч, маса и простор за складирање – и се тоа сместено во околу 10 квадратни метри.
Поврзани артикли