Кинескиот телеком гигант Huawei го стекна правото на интелектуална сопственост на систем за препознавања лице, дизајниран од рускиот инвеститор и производител на високотехнолошка безбедносна технологија – Вокорд.
Исто така, одреден број вработени во московската “Вокорд” ќе бидат префрлени во “Huawei”, како дел од договорот вреден 50 милиони долари, според извори блиски до двете страни, пишуваат руските медиуми.
Руската филијала на Huawei, заедно со Huawei Digital Technologies од Хонг Конг. ќе стане сопственик на правата на интелектуална сопственост за патентот на Вокород за опремата и технологија за препознавање лица.