Европскиот суд на правдата донесе одлука дека Microsoft сервисот за телефонски повици и пораки Skype може да се смета како телекомуникациски оператор, бидејќи нуди наплата за услуги и има договор со мрежни оператори за обавување на повик.
Судот во Белгија и Белгискиот институт за пошта и телекомуникации (IBPT) побараа мислење од Европскиот суд за правда дали Skype услугата наречена Skype Out, која им овозможува на корисниците да повикуваат на мобилни телефони од компјутер, треба да биде регулирана како и други слични компании.
Skype тврди дека не емитува сигнали и не обезбедува други електрокомуникациски услуги како што е дефинирано во актуелните регулативи на ЕУ. Micrsoft изјави дека ќе ја почитува одлуката на судот.
Европската комисија, пред две години, за да ги надмине несогласувањата помеѓу традиционалните телекомуникациски компании и нивните нови интернет конкуренти, усвои правила за познати како Европски електрокомуникациски закон, кој ги вклучува Skype, WhatsApp, Facebook Messenger и други гласовни услуги преку интернет протокол (VOIP) .
Членките на ЕУ имаат временски рок до крајот на 2020 година да ги усвојат овие регулативи.