Ужасно сценарио за тоа како човековата цивилизација може да пропадне во наредните децении поради климатските промени беше презентирано од страна на поранешниот австралиски командант на одбраната, како и високи команданти на кралската морнарица.
Анализата, објавена од Националниот центар за реставрација на климата, тинк-тенк во Мелбурн, Австралија, ги опишува климатските промени како “блиска до среднорочна егзистенцијална закана за човековата цивилизација” и претставува веродостојно сценарио за тоа до каде може да се доведе климата во текот на следните 30 години.
Потенцијалните “исклучително сериозни резултати” на заканите за безбедноста поврзани со климата честопати се многу поверојатни отколку претпоставките, но речиси невозможно да се измерат, бидејќи тие “се надвор од човечкото искуство во последните илјадници години”.
Извештајот предупредува дека на нашата тековна траекторија, “планетарните и човечките системи до средината на векот ќе достигнат “точка од која нема враќање”, и во која изгледите за голема незгода на Земјата доведуваат до распаѓање на нациите и на меѓународниот поредок.”
Единствениот начин да се избегнат ризиците од ова сценарио е светска мобилизација, како онаа од Втората светска војна.
Сценариото предупредува дека нашата актуелна траекторија, најверојатно, ќе ја затопли планетата за најмалку три Целзиусови степени на глобалното ниво, што пак може да предизвика значително понатамошното забрзано затоплување.
Ова би предизвикало забрзување на колапсот на клучните екосистеми, вклучувајќи ги и “коралните гребени, дождовната шума во Амазон и во Арктикот.“
Минатата година голем број на научници изјавија дека збирниот извештај на ОН за владините креатори на политиката за климатските промени – чии наоди се широко признати како “катастрофални” – всушност беа премногу оптимистички.