Оние кои живеат во развиените земји и имаат пристап до вода, воглавно не размислуваат многу за тоа каде се исфрла човечкиот отпад, но во земјите во развој ситуацијата е целосно поинаква, бидејќи вода воопшто нема или ја има во многу ограничени количини.
Компанијата Scion од Нов Зеланд планира да го реши тој проблем, така што развива тоалети во кои отпадот успешно се отстранува и во недостаток на вода. Имено, се работи за тоа во новите тоалети човечкиот отпад да се отстранува со помош на високите температури, а се додека целосно не исчезне. Проектот го финансира Бил и Мелинда Гејтс фондацијата, која веќе некое време се интересира за решавање на санитарните проблеми во земјите кои се уште не се на задоволувачки степен на развој.
Процесот е познат под името влажна оксидација, а се работи за хидротермален третман на човечкиот отпад, бидејќи се става под одреден притисок, а потоа се додава кислород, и се загрева до 200 степени Целзиусови, а по процесот остануваат само јаглерод диоксид и вода. Влажната оксидација не претставува нова технологија, бидејќи веќе некое време се користи во индустријата, само што Scion планира да ја воведе и во домаќинствата, и на тој начин да ги намали последиците од недостаток на вода.
На овој начин би се решило и прашањето на ширење на заразни болести и епидемиите би се свеле на минимум, бидејќи со човечкиот отпад би се уништувале и елементите, кои во земјите со санитарни потешкотии се главни предизвикувачи на многу опасни болести.