Вчера се појави скица која го покажува аранжманот на камерите на претстојниот Samsung Galaxy Note 10 телефон, а сега се појавија дополнителни рендери кои покажуваат како смартфонот би можел да изгледа.
Според она што го сугерираат рендерите, Note10 и Note10 Pro ќе имаат само една камера. Овие информации ни ги овозможува дојавувачот Ice Universe, кој во минатото беше прилично доверлив, а тој ни ја потврдува и автентичноста на најновите рендери на Galaxy Note10.
Рендерите ги креираше Бен Гескин, така што не се работи за протечени официјални фотографии, но се очекува дека изгледот од рендерите ќе биде многу блиску до она што ќе го видиме на официјалните фотографии.
Уште еднаш е потврден вертикално поставениот систем на камери на задната страна, со два острова, од кои помалиот се наоѓа од десната страна и содржи LED блиц, ToF камера и веројатно илуминатор. Главниот систем го сочинуваат широка, ултраширока и телефото камера.