Се чини дека Apple оваа година нема да нè воодушеви со новата генерација на својот популарен смартфон.
Судејќи според овие рендери, новиот iPhone дефинитивно нема да биде највозбудливата работа што ќе ја видиме во 2019 година. Напротив, тој ќе изгледа речиси идентично како минатогодишните модели, со исклучок на коцкестото куќиште на задната страна каде што се наоѓа камерата.
Новиот модел ќе биде исклучително квалитетен, а и треба да биде со оглед на тоа што ќе се продава по цена од 1.450 долари.
Поради ова, ако барате возбудување, тоа нема да го добиете за тие пари, но ќе добиете квалитет на изработка и перформанси кои само Apple може да ги пружи.
Извор: Telegraf.rs