Американската вселенска агенција NASA ги користи длабочините на Атлантскиот океан за да ги подготви астронаутите кои ќе бидат дел од новата програма за истражување на Месечината.

Во текот на ова лето астронаутите на NASA ќе се приклучат на меѓународниот тим на нуркачи во посебна подводна лабораторија во Атлантскиот океан, на десетина километри од градот Ки Ларко во американската сојузна држава Флорида. Астронаутите ќе се подготвуваат за живот во негостопримливи услови кои ги очекуваат во текот на истражувањето на Месечината и Марс.

Астронаутите и акванаутите на длабочина од 19 метри под површината на океанот ќе вршат низа на експерименти за собирање на податоци за спиењето, а ќе користат и приширена реалност во навигациски цели.

Базата „Aquarius Reef” е единствениот постојан оперативен подводен погон од тој вид во светот со кој управува Интернационалниот Универзитет на Флорида. Може да прими до шест истражувачи, а освен NASA, услугите на оваа лабораторија ги користи и американската воена морнарица.

Соединетите Американски Држави имаат намера да се вратат на површината на Месечината до 2024. година, но моментално тој проект има проблеми со обезбедувањето на финансиските средства, пишува Futurism.

Извор: Tportal.hr