Од прес-конференцијата со основачот на Huawei, Рен Женгфеи, на 21-ви мај, јасно е дека тој за сè се потпира на науката и културата. Тој, исто така го споменува малку познатиот факт за тоа каде 5G всушност почнува:

Прашање: Спомнавте дека производството на чип бара не само пари, туку и физичари и математичари. Како и Huawei како компанија, и лично, сте разговарале за образование и истражување многу пати, и знаеме дека компанијата посветува големо внимание на тоа. Што точно правите во оваа насока? Како ова ќе го промовира идниот развој на Huawei?

Рен: Имаме 26 истражувачки центри ширум светот. Во моментов има повеќе од 700 математичари, 800 физичари и 120 хемичари. Имаме Институт за стратешки студии кој обезбедува финансирање на многу реномирани научници на реномирани универзитети низ целиот свет. Ние не очекуваме овие инвестиции да ни бидат вратени. Начинот на кој ги спонзорираме овие студии е сличен на оној опишан во американскиот акт “Bayh-Doyle”. Универзитетите се оние кои ги добиваат дивидендите од овие инвестиции. На овој начин, ќе имаме можност да работиме со повеќе научници од повеќе сфери кои се наоѓаат во различни фази во нивното истражување.

5G технологиите сега се широко прифатени како важен дел од идниот развој на човештвото. Малкумина се свесни дека се базирани на математички алгоритам напишан од турскиот професор Ердал Арикан пред повеќе од една деценија. Наидовме на овој алгоритам два месеци по неговото објавување. Потоа започнавме детални истражувања и анализи, а потоа аплициравме за патенти. Илјадници вработени од Huawei учествуваа во овие студии. Ни требаше една деценија за да го трансформираме математичкиот алгоритам во технолошкиот развој. Ние располагаме со најголем број и најквалитетните 5G патенти во светот – вкупно над 27% од нив се на Huawei.

Професорот Арикан не е вработен во Huawei, но ние ја спонзорираме неговата лабораторија за да може да обучи повеќе докторанти, кои ги поддржуваме. Ние, исто така, спонзорираме универзитетски професор во Јапонија. Пред извесно време тој обучил четири доктори, кои подоцна станаа вработени во Huawei, но продолжија да работат во неговата канцеларија. Тој потоа зеде уште четири докторанти да работат за него, сите осум работат во неговата лабораторија во исто време. Сите откритија што ги прават им припаѓаат на нив, а не на нас. Ако сакаме да ги искористиме нивните откритија, ние ги плаќаме правилно. Како што реков, пристапот е сличен на американскиот акт “Bayh-Doyle”. Овој пристап го користиме за да работиме со повеќе научници.

Минатата недела организиравме глобална научна конференција. Неколку брилијантни млади научници, сите носители на докторски студии, присуствуваа на конференцијата и ги презентираа своите нови технологии за мене и за моите колеги. Тие детално ми објаснија што овие откритија ќе значат за нашето општество во наредните години, и бев импресиониран. Ние често ја правиме таквата комуникација низ целиот свет. Ова од една страна ни овозможува да усвоиме нови идеи, а од друга – младите научници подобро да ги разберат барањата и стандардите во нашата компанија.

Кога станува збор за привлекување на млади таленти, западните компании имаат подобро око за талентот отколку ние. Тие привлекуваат млади луѓе како обучувачи и им обезбедуваат корпоративна обука за време на оваа стажирање. Ова е различно од вообичаениот модел што се наметнува во Кина. 

Во моментов имаме поголеми можности да се натпреваруваме со Соединетите Американски Држави во однос на регрутирањето, но сé уште заостануваат во привлекувањето на истакнати млади таленти. Ние им нудиме на потенцијалните кандидати за работа уште од вториот курс на нивното академско образование. Студентите од Новосибирските универзитети се, на пример, шампиони или потпретседатели на најпрестижните меѓународни турнири за програмери во последните 6 години. Google им нуди 5 или 6 пати повисоки од нормалните плати за да работат за нив. Оваа година ние сме подготвени да понудиме повисоки плати од Google за да ги привлечеме овие луѓе да работат во нашите истражувачки центри во Русија. Влегуваме во сила во трката за млади таленти.

Ние не бараме научниците да бидат успешни. Неуспесите се исто така дел од напредокот. Ова ни овозможува да продолжиме напред.

Прашањата ги поставуваа претставници на кинеските медиуми за време на прес-конференцијата на 21 мај 2019 година.