Под површината на северниот пол на Марс се наоѓа огромен резервоар на замрзната вода. Пронајдените резерви би биле доволни да ја покријат целата планета со вода.
„Ова откритие за нас е големо изненадување“, вели за Gizmodo, Стефано Нерочи, водач на истражувањето од Универзитетот во Тексас.
Огромниот резервоар се формирал така што слоевите мраз се измешале со песокот во текот на стотици милиони години. Се наоѓа околу два километри под северниот пол на Црвената планета. Научниците и пред ова откритие веруваа дека тука се наоѓаат слоеви мраз, но мислеа дека станува збор за многу помала количина. Сега, со помош на радарско скенирање од орбитата, се покажува дека има многу повеќе лед отколку песок. Во слоевите на резервоарот односот на мраз и песок се движи од 61 до 88 проценти, што е многу повеќе од тоа што претходно се мислеше. Доколку би бил донесен на површината и стопен, тоа би било доволно да ја покрие целата површина на Марс со метар и половина вода.