IGTV на Instagram добива поддршка за хоризонтални видео содржини

Instagram сервисот за снимање и делење на видео содржини, IGTV стартуваше со поддршка исклучиво за поставување на видео во портретен режим.

Во период од една година од стартувањето на услугата IGTV, беше додадена можност за прикажување на IGTV содржини на личниот timeline на корисникот на матичната Instagram апликација. Сега корисниците на IGTV ги очекува уште една промена, односно Instagram ќе ја овозможи долго бараната опција за поставување во landscape (хоризонтален) формат.

Оваа информација секако би требало да ги израдува многубројните креатори на содржини на IGTV, кои досега мака мачеа со досегашното ограничување на поставување содржини во портретен режим, што не беше соодветно за одредени видови содржини.

Покрај воведувањето на landscape видеа, во Instagram почнаа со тестирање на споделување на Instagram Stories преку линкови.