Девет од десет лица страдаат од синдромот на фантомска вибрација (ring-xiety пореметување), покажа неодамнешно истражување. Се работи за моменти во кои ви се чини дека телефонот ви вибрира или ѕвони во џеб.
Роберт Розенбергер, филозоф и доцент на Технолошкиот институт во Џорџија, изјави дека овој феномен е предизвикан од „научените телесни навики”. Истражувањето кое е објавено во магазинот Computers in Human Behaviour сугерира дека телефонот во вашиот џеб станува како дел од телото, поради што лесно заборавате дека е таму. Така доаѓа до синдромот на фантомска вибрација.
„Неодамнешните истражувања покажаа дека 90 проценти од студентите го имаат овој синдром”, изјави Розенберг во едно интервју за BBC.
Освен тоа, експертите предупредуваат на тоа дека овој синдром може да доведе до долгорочни негативни здравствени последици, како што се главоболка, стрес и пореметувања во врска со спиењето.