Facebook ќе лансира сопствена криптовалута

Facebook го финализира планот за лансирање своја криптовалута за следната година.

Тие имаат намера до првиот квартал на 2020 година, да воспостават систем за дигитално плаќање во десетина земји, а до крајот на оваа година ќе започне со тестирање на својата криптовалута, интерно наречена – ГлобалКоин (GlobalCoin).

Се очекува Facebook летоска детално да ги претстави плановите, а основачот, Марк Цукерберг, веќе разговараше со гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни.

Двајцата разговарааминатиот месец за можностите и ризиците одпокренуавње криптовалута, а Facebook, исто така, побара од американското Министерство за финансии да даде совети за оперативни и регулаторни прашања.

Facebook исто така преговара со компаниите за трансфер на пари, вклучувајќи го и Вестерн јунион, бидејќи бара поевтини и побрзи начини за испраќање и примање пари на оние кои немаат банкарска сметка.