Компанијата Huawei проблемот со рестрикциите на САД ќе го реши со свој оперативен систем, кој ќе биде компатибилен со сите апликации наменети за Android OS.
Оперативниот систем на Huawei ќе се вика HongMeng, а потврдено е и дека без проблеми ќе ги покренува сите Android апликации. Значајните информации ги потврди директорот за бизнис со потрошувачите, Ју Ченгдонг.
Се работи за напреден пристап на кинеската технолошка компанија и за добри вести на корисниците на Huawei и Honor уредите ширум светот. HongMeng ќе биде компатибилен со сите смартфони, таблети, телевизори и носечки уреди на Huawei.
Сопствениот OS на Huawei ќе биде достапен најрано оваа есен, а најдоцна до пролетта идната година.
Поврзани артикли