YouTube од август ќе ги смени бројчаниците кои укажуваат на бројот на претплатници на каналите и наместо точниот ќе дава приближен број, соопшти блогот на популарниот видео сервис.
На пример, ако некој канал има 4227 претплатници, бројчаникот ќе покажува „4.2 илјади“. Ако каналот има 51.389.231 претплатници, бројчаникот ќе покажува „51 милион“, се додека бројот на потписници не достигне 52.000.000. Притоа, сопствениците на каналите ќе имаат увид во точниот број потписници.
– Знаеме дека бројот на потписници е исклучително важен како за креаторите на каналите така и за нивните гледачи, затоа сакаме да ги најавиме сите промени однапред, се вели во блогот на YouTube.
Повеќе детали за промените ќе има во август, додаваат од видео сервисот.
Instagram, исто така, експериментираше со исклучување на бројчаникот за лајкови под фотографиите.
– Сакаме нашите претплатници да се фокусираат на тоа што го споделуваат, а не на тоа колку лајкови добиваат вашите статуси, укажаа од компанијата.