HTC подготвува смартфон со традиционален дизајн

Интернет страницата MySmartPrice донесува информации од Тајван за новиот паметен телефон на HTC, кого го сертификувала тајванската агенција NCC.

Се работи за мобилниот уред со кодно име 2Q7A100, кој веќе претходно се појави на GeekBench и AnTuTu страниците. Новиот смартфон на HTC ги комбинира новите функции со оние од постарите паметни телфони.

Со дизајнот потсетува на старите мобилни уреди со големи рамки околу екранот, но затоа нуди дисплеј во 18:9 формат со резолуција од 2160х1080 пиксели. Нуди и модерни хардверски функции во облик на Snapdragon 710 чипсет, 6 GB RAM и 128 GB меморија за складирање на податоци.

Со оглед дека е веќе е сертифициран на матичниот тајвански пазар, не треба да се чека долго овој модел и официјално да се појави на пазарот.

S obzirom da je već certificiran na matičnom tajvanskom tržištu ne treba čekati dugo da se ovaj pametni telefon i službeno pojavi na tržištu.