Единствено познато решение засега е држењето на копчето за вклучување на 30 секунди за уредот да се врати на фабрички поставки. Не помага дури ни покренувањето на смартфонот во сигурен начин на работа.

Судејќи според бројните известувања на сервисот Reddit, паметните телефони на Google почнале случајно да се гаснат без очигледна причина.

Овој проблем ги погидува моделите Pixel 3a и 3a XL. Единствено познато решение засега е држењето на копчето за вклучување на 30 секунди за уредот да се врати на фабрички поставки.

Не помага дури ни стартувањето на смартфонот во сигурен начин на работа (Safe Mode), поради што се нагаѓа дека за неволјите е одговорен неисправен или лош хардвер. Одредени корисници забележале дека проблемот се јавува само додека телефонот е поврзан со Wi-Fi.

Во Google досега официјално се уште не потврдија дека се свесни за проблемите со моделите Pixel 3a и 3a XL, па не е ни познато кога би можеле да почнат да ги решаваат, известува Tech Radar.