По веста дека поради одлуката на американската администрација, Google ја раскинал соработката со кинеската компанија Huawei и им ја укинал лиценцата за Android, пристигнаа и информации дека соработката со Huawei ќе ја прекинат и американските компании за производство на чипови, Intel, Broadcom и Qualcomm. Сепак, во текот на денешниот ден пристигна веста дека САД, сепак, на период од 90 дена ја укинале забраната за Huawei.
Како што пренесува азискиот портал Nikkei Asian Review, соработката би можеле да ја прекинат и европските производители на чипови. Германскиот производител Infineon ги демантираше гласините кои ги изнесоа одредени кинески медиуми, дека престанал со испорака на чипови до компанијата Huawei, но сепак не се работи за сите производи, туку за продолжение на испораката на “поголем дел од производите”, кои не се подложни на новите рестрикции кои ги воведува американското законодавство.
Во конекст на прекинот на соработката со Huawei се споменува и француско-италијанската компанија STMicroelectronics и австриската фирма AMS. Челниците на STMicroelectronics би требало да се состанат до крајот на оваа недела за да одлучат за понатамошните чекори што се однесува до испораките на своите производи на Huawei.
Производите на европските компании кои нема да смеат да се испорачуваат до Huawei се оние кои во себе содржат одредено ниво на американски технологии.
Apple ќе плати преголема цена поради американските санкции за Huawei